Top Sport

НБА му забрани на Дончиќ да игра за Словенија!

Кошаркарскиот ас, Лука Дончиќ имаше голема желба да заигра за репрезентацијата на Словенија во претстојниот квалификациски циклус за Европското првенство, но од тоа нема ништо.

Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Словенија, Матеј Ерјавец открива дека ФИБА и НБА не постигнаа договор за настап на кошаркарот за Словенија.

„Откако Лука Дончиќ изрази желба да и се приклучи на репрезентацијата во овој циклус, ги покренавме сите можни механизми тоа да го оствариме, но за жал наидовме на институционален проблем, затоа што ФИБА и НБА не потпишаа спогодба за тоа да се случи. Меѓутоа, Лука не се помири со тоа. Со своите врски и контакти се обиде да добие дозвола, но за жал ФИБА и НБА не попуштија“ изјави Ерјавец.

Инаку, ова не е единствен случај каде што нема договор меѓу ФИБА и НБА. Тоа пред околу еден месец го потврди и селекторот на Франција, Венсан Кол.

Scroll to Top