Кошаркарите на Бостон Селтикс ја запишаа 13.победа во низа, во НБА лигата, откако триумфираа над Бруклин Нетс 109:102. Изминатата ноќ победи забележаа Сан Антонио Спарс во Далас 91:97 и Торонто во Хјустон 113:129.
Бостон по стартните два порази нанижа 13 триумфи, последниот го забележа над Бруклин 109:102. Кајри Ирвинг, кој поради повредата на носот, играше со заштитна маска, ги предводеше Селтикс со 25 поени, Маркус Морис оствари „дабл-дабл“ од 21 поен и 10 скока.
Торонто Репторс направија изненадување со триумфот во Хјустон, иако Џејмс Харден одигра брилијантен меч (38 поени, 6 скока, 11 асистенции). Торонто ја прекина серијата од седум победи во која беа кошаркарите на Хјустон.
Тимот од Канада до победата го предводеа Демар Дерозан со 27 поени, 6 скока, 5 асистенции и Кајл Лаури со 19 поени и 10 асистенции.
Сан Антонио во тексашкиот двобој победи во Далас 97:91. Триумфот во Далас беше јубилеен 500. на гостувањата за тренерот на Спарси Грег Поповиќ.
Ламаркус Олдриџ беше најефикасен на теренот со 32 поени, додека рукиот Денис Смит џуниор го предводеше Далас со 27 поени.