Top Sport

НБА ол-стар: Мичел како Винс Картер, Букер „масакрираше“ во тројки (видео)

Дебитантот на Јута џез, Донован Мичел ја однесе победата во натпреварувањето во забивање на Ол стар викендот во Лос Анџелес носејќи дрес на Винс Картер, додека Деви Букер од Феникс санс со рекорд го доби натпреварувањето во шутирање „тројки“.

Две од четирите забивања на Мичел заработија совршени резултати од судиите – првпат кога прескокна над неговата сестра и комичарот Кевин Харт за да заработи 50-ка, за потоа да го облече дресот на Картер и да го „симулира“ неговото забивање од 2000-та. Второто место го осви Лери Ненси, чиј татко победи на првото натпреварување во забивање во 1985 година.



Интересно беше и во натпреварувањето во тројки, каде што Девин Букер од Феникс санс, постави рекорд со 28 погодени од 34 обиди, за да ги победи и Клеј Томпсон и Тобијас Херис во финалето.

Scroll to Top