Играчот на Голден Стејт Вориорс, Австралиецот со хрватски корени, Андреј Богут (34) пред десетина дена се врати повторно во НБА лигата. Тој им е познат на навивачите на Голден Стејт како клучниот играч во генерацијата на тимот која ја освои првата титула во 2015 година.
Австралиецот е повторно меѓу „воините“ поради неговите одбранбени способности. Тој пред да се врати во најквалитетната светска лига, играше во Австралиската лига.
Богут на последните 4 натпревари има просек од 5,3 поени по меч, надополнети со 6,3 скока.
Новинарите се интересирале како ја одржувал формата додека бил во Австралија, а одговорот ги зачуди:
„Не правев ништо посебно. Додека играв во Австралија формата ја одржавав со пиење многу пиво. Можно е тоа да е тајната на добрата форма“ – рекол Богут кој беше прв пик на драфтот во 2005 година.