Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го одигра натпреварот на кариерата во победата на Денвер Нагетс над Бруклин Нетс 112:104. Јокиќ постигна најмногу поени од играчите кои настапија за своите тимови, 41, поен повеќе од Јанис Адетокумбо од Милвоки. Индивидуално се истакнаа уште и Леброн Џејмс, односно центрите на Њу Орлеанс Ентони Дејвис и Демаркус Казинс.
Јокиќ на дуелот со Бруклин за еден поен го подобри рекордот на кариерата од мината сезона кога во февруаи против Њујорк постигна 40 поени.
Во триумфот над Нетс тој имаше учинок од 41 поен, 12 скока, 5 асистенции и по 2 блокади и украдени топки.
Србинот го запиша 11. „дабл-дабл“ учинок од почетокот на сезоната. На неколку минути до крајот на мечот тој поради шест лични грешки го напушти теренот, а публиката со овааци го испрати на клупата.
Денвер по 11 натпревари има скор шест победи и пет порази.
Кливленд ја прекина лошата низа со триумфот над Милвоки 124:119. Мечот беше и дуел помеѓу Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо. Помладиот беше поуспешен но не успеа да го пречи порзот на својот тим. „Грик Фрик“ имаше учинок од 40 поени, 9 скока и 3 асистенции, додека Леброн забележа 30 поени, 8 скока и 9 асистенции.
И покрај одличниот учинок на Леброн најдобар кај Кливленд беше Кевин Лав со 32 поени и 16 скока.
Индијана загуби од Њу Орлеанс 112:117, во чии редови центарската двојка искомбинира 67 поени и 27 скока. Ентони Дејвис заврши со 37 поени и 14 скока, а Демаркус Казинс имаше учинок од 32 поени и 13 скока. Индијана не успеа со тимската игра да ги скрши гостите. Шестмина кошаркари на Индијана постигнаа двоцифрен број на поени.
Резултати:
Вашингтон-Далас 99:113
Шарлот-Њујорк 113:118
Торонто-Чикаго 119:114
Сан Антонио-ЛА Клиперс 120:107
Портланд-Мемфис 97:98
Сакраменто-Оклахома 96:84
Јута-Филаделфија 97:104.