Top Sport

НБА: Репторси ја добија дефанзивната битка (видео)

Торонто репторс со 86:83 ги совладаа Сан Антонио спарс во дефанзивна битка во „Ер Канада“ центарот.

Во првото полувреме, Репторси имаа предност од седум поени, но гостите се доближуваат во третата четвртина за интересен финиш. Кајл Лаури имаше 24 поени, а Демар Дерозен додаде 21 поен, додека кај Сан Антонио најдобар беше Ламаркус Олдриџ со 17 поени.

Тим Хардавеј Јуниор имаше фантастични 31 поени и 6-од-7 во обидите за тројки за да ги предводи Њујорк Никс до тесна победа над Јута, а Кортни Ли и Кристапс Порзингис додадоа 18 поени за победата. Ова е само трета победа во 10 меча во јануари за тимот од „Големото јаболко“.

Мајами хит пак, по одличното прво полувреме против Бруклин имаше „распад“ на играта во финишот и загуби со 101:95 од Бруклин нетс. Хит имаа +10 во првата четвртина, но Нетси во третата четвртина ја намалија оваа разлика и во финишот на правија целосен пресврт за важна гостинска победа. Демар Керол имаше 26 поени за Нетси, додека Хасан Вајтсајд имаше 22 поени и 13 скока за Хит.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Торонто – Сан Антонио 86:83

Јута – Њујорк 115:117

Индијана – Л.А.Лејкерс 86:99

Мајами – Бруклин 95:101

Сакраменто – Мемфис 88:106

Детроит – Вашингтон 112:122

Денвер – Феникс 100:108

Scroll to Top