Top Sport

НБА сезоната уште не е почната, а веќе има нов рекордер

Денеска почнуваат подготовките за новата НБА сезона, а веќе има нов рекордер во лигата. Ветеранот Тревор Ариза не мораше да стапне на паркетот, а веќе сруши рекорд.

Од почетокот на преодниот рок пред две недели, тој беше член на дури 4 клуба, односно трипати беше трејдуван.
Најпрво Портланд Треилблејзерси каде ја заврши минатата сезона го испратија во Хјустон Рокетс, а „ракетите“ го испратија во Детроит Пистонс. Сепак „пистонси“ веднаш го разменија во Оклахома Сити Тандер.

Со тоа, 35-годишниот крилен кошаркар во 16-годишната НБА кариера е разменет дури 10 пати, повеќе од било кој во најсилната светска лига досега.

Најчесто разменувани кошаркари пред Ариза беа Крис Гетлинг и Дејл Елис, по осумпати.

Ариза досега играч за 9 различни клубови. Тој е специјалист за тројки, но е одлилен и во одбраната. Досегашниот просек во НБА му е 10.5 поени за речиси 30 минути игра по меч.

Scroll to Top