Top Sport

НБА: Забележителни партии на играчите од Балканот (Видео)

Неколку интересни натпревари се одиграа во НБа лигата во текот на изминатата ноќ. Индивидуално блескаа „Ол стар“ играчите на Виктор Оладипо (Индијана) и Јанис Адетокумбо (Милвоки). Добри натпревари одиграа и кошаркарите од Балканот: Богдан Богдановиќ (Сакраменто), Дарио Шариќ (Филалделфија), Милош Теодосиќ (ЛА Клиперс) и Бојан Богдановиќ (Индијана).

Милвоки Бакс во натпревар ппреполн со пресврти стигна до значајна победа во Филаделфија 118:110. Бакси најпвин надополнија негатива од 20 поени по првиот период, а во последните шест минути со серија од 21 поен се вратија од негативата од 14 поени. Конечниот удар Бакс на противниците им го зададе во решавачаката четвртина со серијата од 10 поени.

Адетокумбо дуелот го заврши со 35 поени, 9 скока, 7 асистенции, а најдобро го следеше Бледсоу со 22 коша. Хрватскиот репрезентативец Шариќ ја предводеше Филалделфија со 25 поени.

Филалделфија и покрај поразот се наоѓа пред Милвоки на табелата со скор 34 победи и 28 порази. Милвоки има пораз повеќе.

Индијана победи во американската престолнина кај Визардс 98:95. Оладипо го предводеше тимот со 33 поени, 7 скока и по 3 асистенции и украдени топки. Хрватот Богдановиќ мечот го заврши со 20 поени и 4 скока. Во отсуство на Џон Вол, кој подолго време не игра поради повреда, најефикасен кај Вашингтон беше Бредли Бил со 22 поени и 11 скока.

Индијана о оваа победа го „прескокна“ Вашингтон на табелата во источната конференција. Индијана има 36 поебеи и 27 порази, а Вашингтон е со скор 36 победи и 28 порази.

Сакраменто во Њујорк испушти предност од 19 поени, а потоа во неизвесна завршница извојува победа 102:99. Србинот Богдановиќ го предводеше Сакрамнето со 22 поени и 7 скока. Кај Њујорк се истакна Тим Хардавеј јуниор со 24 поени.

ЛА Клиперс го совладаа Бруклин 123:120. Теодосиќ мечот го заврши со 14 поени, 4 асистенции и 2 скока.

Клиперс ги предводеше Остин Риверс со 27 поени, тој ја постигна и решавачката тројка на 33 секунди до крајот на мечот.

Резултати:

Атланта Хокс-Феникс Санс 113:112
Торонто Репторс-Шарлот Хорнетс 103:98
Далас Маверикс-Њу Орлеанс Пеликанс 109:126

Scroll to Top