Top Sport

НБА-засилувањето донесе драматична победа за Будуќност (видео)

Будуќност од Подгорица успеа да стигне до драматична четврта победа во Евролигата оваа сезона, откако новото засилување Норис Кол постигна кош на три секунди пред крајот за 75:74 победа над Дарушафака.

Будуќност губеше на полувреме со 42:36, а гостите останаа во водство и во третата четвртина, пред да се случи комплетен пресврт во финишот. Во последните 10 минути, Будуќност имаше 58:53 предност, но Дарушафака успеа да се врати, пред Кол, поранешниот НБА кошаркар да поентира во драматичната завршница во „Морача“.

Едвин Џексон со 18 поени беше најефикасен за Будуќност, а Кол додаде 17 поени. Кај гостите, Тони Даглас имаше 14, а Џереми Еванс и Огуз Савас по 12 поени.

Scroll to Top