Според американскиот бизнис магазин „Форбс“, Њујорк Никс е франшизата која има најголема вредност во НБА лигата. Никс трета година по ред ја предводи оваа листа, на која за прв пат секој од 30.клубови од најсилната кошаркарска лига во светот вреди најмалку една милијарда долари.
Вредноста на Никс, кој најверојатно и оваа година нема да се пласираат во разигрувањето за титулата е проценета на 3,6 милијарди долари, што е за девет отсто повеќе во однос на минатата година.
Инаку Њујорк има две титули во НБА лигата кои се освоени во минатиот век во 1970 и 1973 година.
На второто место според вредноста се ЛА Лејкерс со 3,3 милијарди долари, а третата позиција е резервирана за актуелните шампиони Голден Стејт Вориорс (3,1 милијарда долари).
Според „Форбс“ просечната вредност на НБА тимовите изнесува 1,65 милијарди долари, што е за 22 отсто повеќе во однос на минатата година.
Растот се должи на новиот договор околу продажбата на телевизиските права кој е потпишан на почетокот на минатата сезона, а чија вредност е 24 милијарди долари.
Единствен тим кој работел со загуба е вицепрвакот Кливленд Кавалирс. Клубот е на 15.место, вредноста му е проценета на 1,3 милијарди долари. Кливленд извојува огромни суми на платите на кошаркарите, поради што клубот плаќа дополнителен данок на луксуз.
According to @Forbes, the Sacramento Kings have 28% increase in value from last year, 13th most valuable franchise in the NBA valued at $1.375 Billion. Warriors 3rd $3.1, Lakers 2nd $3.3 & Knicks 1st at $3.6 Billion. pic.twitter.com/dAukvmkpmj
— Sean Cunningham (@SeanCunningham) February 7, 2018