Легендарниот НБА кошаркар, екс-крилниот центар Чарлс Баркли имал вчера бурна расправа со новинарката на „Аксиос“, Алекси Меккемонд. Таа целата ситуација ја раскажа на социјалните мрежи.
„Само да знаете, Баркли вечерва ми рече дека не удира жени, али мене би ме удрил доколку го прави тоа. Му приговорив, а тој ми рече дека не знам да прифатам шега“ – напишала Меккемонд.
Just FYI Charles Barkley told me tonight “I don’t hit women but if I did I would hit you,” and then when I objected to that he told me I “couldn’t take a joke.”
— Alexi McCammond (@alexi) November 20, 2019
Не е позната причината за ваквата реакција на Баркли, но ова не му е првпат да биде во средиштето на случувањата.
Во текот на кариерата, асот на Филадејфија, Феникс и Хјустон често беше на удар на јавноста поради несоодветно однесување, а во 1997 година рече дека никогаш не би сакал меч од НБА лигата да го суди жена.
„Баркли има историјат на вакво однесување. Во 1997 прокоментира `Се надевам дека нема да има жени – судии. Тоа е работа на принцип. Не би сакал ниту маж да суди меч од женската НБА`“ – напишал колумнистот на „Њујорк Тајмс“, Сопан Деб.
Баркли 11 пати беше на Ол-стар мечевите, петпати беше член на најдобрата НБА петорка. Тој и во текот на кариерата имаше „испади“ поврзани со малтретирањето на жените.
„Ова е меч кој доколку го загубите, ќе морате да одите дома и да ги истепате жената и децата“ – рече Баркли по мечот на неговата Филаделфија против Њу Џерси Нетс.