Виртус Болоња се во потрага по нов тренер, откако му врачија отказ на Александар Саша Ѓорѓевиќ. Според италијанските медиуми прва желба на Виртус е најтрофејниот во Евролигата, Жељко Обрадовиќ. „Ла Република“, пишува дека покрај Обрадовиќ кандидати за нов тренер се Лука Банки и Серџо Скариоло.
Жељко Обрадовиќ, освојувач на девет титули во Лигата на шампионите, со четири различни екипи, нема клуб. По завршувањето на сезоната тој замина од Фенербахче. Трофејниот тренер се наоѓа во Србија.
„Ла Република“, се прашува дали Биртус можат да ги исполнат финансиските барања на Обрадовиќ и дали тој би прифатил работа на пола од сезоната.
Виртус, од почетокот на сезоната има скор пет победи и четири порази во домашното првенство и седум победи, во исто толку натпревари во Еврокупот.