Top Sport

Недовиќ се сели во Панатинаикос

Српскиот репрезентативец Немања Недовиќ деновиве ќе го официјализира својот трансфер во Панатинаикос. Грчките медиуми објавија дека Недовиќ и ПАО договориле едногодишна соработка.

Недовиќ претходните две сезони ги мина во Арамани Милано. Првата сезона играше одлично, меѓутоа во минатата сезона поради повредите одигра само 50 отсто од натпреварите на клубот од Милано.

Во Евролигата настапи на 17 натпревари на кои имаше просек од осум поени и 1,7 асистенции по натпревар.

Во кариерата Недовиќ настапувал за Црвена звезда, Ритас, Голден стејт Вориорс, Валенсија и Уникаха.

Scroll to Top