Top Sport

Неразбирлив потег на Калиниќ

Кошаркарите на Црвена звезда ја одбранија титулата во АБА лигата. Петтиот натпревар од финалната серија, црвено-белите го добија со 80:77. Мајсторката траеше речиси три и пол часа, бидејќи на почетокот на вториот дел судиите донесоа одлука да бидат испразнети трибините.

За разлика од она што се случуваше на трибините, натпреварот мина во фер и коректна игра на кошаркарите од двата тима. Сепак, по завршувањето на мечот, Никола Калиниќ предизвика инцидент.

МВП кошаркарот на регуларниот дел од сезоната истрча до клупата на Партизан за да го испровоцира Урош Трифуновиќ. Тоа го направи за да му се реваншира за неспортското однесување од четвртиот натпревар, кога Трифуновиќ заработи исклучување.

Откако ги смири емоциите, Калинќ му се извини на противничкиот играч.

Му се извинувам на Трифуновиќ, навистина неспортски потег, само сакав да му вратам што ни го гестикулираше кога водеа со 30 разлика, но мислам дека оваа победа е поважна“.

Scroll to Top