Top Sport

Нереални сцени на женско кадетско првенство, САД – Ел Салвадор 114-19

На сеамериканското У-16 женско првенство во кошарка Американките ги победија своите врснички од Ел Салвадор со неверојатни 114-19.

Кадетките на САД победија со 95 поени разлика и со 33 офанзивни скокови повеќе поради разликата во висина.

Највисоката кошаркарка на Ел Салвадор, Силвиа Вега има 184 сантиметри, а највисоката Американка, Лорен Бетс има 201 сантиметар.


Просечната висина на Американките е 186 сантиметри, цели 14 сантиметри повеќе од противничките со кои лесно се справија на првенството во Чиле.

Scroll to Top