Еден од најпознатите кошаркарски тренери, Мајк Кжижевски, вечерва последен пат ќе го предводи Дјук универзитетот. 75-годишниот тренер, реши да замине во пензија.
Легендарниот „Коуч К“, ќе го води Дјук против најголемиот ривал Северна Каролина.
На натпреварот владее невиден интерес, „сите“ сакаат да присуствуваат на прошталниот меч на Кжижевски.
Просечна цена на билетите изнесува 6.051 долари, односно за 54 долари поскапа од просечната цена за билетите на Супер боул натпреварот.
„Коуч К“, го предводи Дјук од 1980 година. Со овој универзитет пет пати бил шампион во НЦАА.
Неколку години, Кжижевски беше селектор на САД. Со националниот тим стана светски и олимписки првак.