Кошаркарите на Црвена звезда со убедлива победа ја започнаа одбраната во домашниот шампионат од кој се откажа Партизан. Црвена звезда првиот натпревар против Мега го доби со 114:78.
Играчите на Црвена звезда на овој натпревар постигнаа 23 тројки. Потегот на натпреварот го изведе капитенот Бранко Лазиќ. На истекот на полувремето, кога на семафорот останаа уште 0,4 секунди, тој постигна неверојатен кош.