Лавар Бол, контроверзниот татко на ѕвездата на Лејкерс, Лонзо Бол, и на двајцата млади кошаркари Ламело и Лианџело, изјави дека неговото семејство е одговорно што сега повеќето луѓе во САД знаат за Литванија.
Откако успеа да обезбеди Лејкерс да го драфтуваат Лонзо, Бол се обидува да го направи истото со помладите синови, но дотогаш тие играат во Витаутас во Литванија, каде што Бол дури неколку пати беше помошник тренер.
„Литванија не беше ништо. Никој немаше слушнато за Литванија, а сега само тоа можете да слушнете: Литванија, Литванија, Литванија. Зошто? Бидејќи тука се браќата Бол. Ние ја поставивме Литванија на мапата“, вели Лавар Бол.
Тој не пропушти да се закани на Лејкерс – потпишете со моите синови или ќе го носам Лонзо да друго место.
„Човеку, кој не би сакал синовите да играат на исто место. Не се плашам од ништо, ниту од Меџик Џонсон“, изјави Бол, повикувајќи го директорот на кошаркарски операции на клубот од Лос Анџелес.
Во исто време, дебитантот на Лејкерс, Лонзо Бол го објави својот нов хип-хоп албум „Born 2 ball“, кој иронично на насловната го има „Зо“ и неговиот татко Лавар. Но, тоа не е сè! 17-тата трака на неговиот албум го носи името на неговиот татко „Лавар Бол“.