Челниците на Оклахома сити Тандер не можат да најдат начин да го разменат во некоја друга франшиза Крис Пол.
Еден од најдобрите плејмејкери во НБА-лигата, во изминатата деценија, заврши во Оклахома по трејдот кој Расел Вестбрук се пресели во Хјустон.
Кога размената беше направена на сите им беше јасно дека Пол нема да остане во Оклахома, меѓутоа како времето обвинува извесно е дека тој сезоната ќе ја започне во Тандер.
Американските медиуми тврдат дека Оклахома не може да најде дестинација за Пол. Исто така тие додаваат дека менаџерите нс 34 годишниот кошаркар имале договор со Оклахома, тој една сезона да одигра во овој клуб, но и дека не е исклучена можноста тој да го смени клубот по 15 декември.
Единствен проблем што Оклахома не можат да го разменат Пол е неговиот огромен договор, тој во Хјустон во 2018 година потпиша четири годишен договор за 124 милиони долари.