Српскиот кошаркар Никола Јокиќ следното лето треба да стане најплатениот кошаркар во историјата на НБА лигата. Ова го откри неговиот агент Мишко Ражњатовиќ во подкастот на специјализираниот портал „Basketnews“.
Српскиот центар ќе добие нов договор за пет сезони, според кој ќе има загарантирани 241 милион долари.
„Според нашите очекувања, новиот договор треба да се потпише ова лето. Тоа ќе биде продолжување според максималната сума, тоа што Никола Јокиќ и очигледно го заслужи“, изјави Ражнатовиќ.
Јокиќ ќе стане најплатениот кошаркар во историјата на НБА лигата. Јанис Адетокумбо има договор во Милвоки Бакс од 228.200.000 долари за пет години. Расел Вестбрук во ЛА Лејкерс има загарантирани 206.790.000 долари, додека Руди Гобер потпиша за Јута Џез за 205.000.000 долари.