Никола Јокиќ навистина ужива во одморот по напорната НБА сезона. Србинот, со Денвер, испадна во конференциското полу-финале. Јокиќ, ја доби наградата за најдобра играч во регуларниот дел од сезоната.
Јокиќ потоа се врати во Србија, успеа да го навлече гневот на поголемиот дел од јавноста и навивачите, откако одби да игра за репрезентацијата. Србија не успеа да се квалификува на Олимписките игри.
Слободното време го минуваше со своите коњи на хиподромот, а беше на одмор во Црна Гора и Италија.
Сега на социјалните мрежи се појави снимка како Јокиќ, во ноќните часови, веројатно под дејство на алкохол, се терави по улица. Според музиката, снимен е некаде во Србија.
Mahi Mahi pic.twitter.com/2jf4VyKJKh
— Car Šćepan Mali (@ScepanCar) August 9, 2021