Top Sport

Никола Вучевиќ влезе во друштво на Новицки, Баркли, Џабар…

Никола Вучевиќ го одигра најдобриот меч во сезоната. Во победата на Орландо Меџик над Торонто Репторс, Црногорецот, забележа 30 поени, 20 скока и 8 асистенции.

Вучевиќ е трет играч во оваа деценија, петти во 21.век и деветти во последните 44 години сос стаистика од најмалку 30+20+8.

Друштвото во кое влегува Вучевиќ е импресивно, тука се Чарлс Баркли (три пати), Демаркус Казинс (два пати), Карим Абдул-Џабар, Мекгинис, Дејвид Ли, Тим Данкан, Дирк Новицки и Алекс Инглиш.

„Мисламд дека момците сватија дека сега е вистинското време да ги земеме работите во свои раце. На овој меч ни се поклопија работите на двата краја од теренот, но сепак одбраната беше клуч на победата“, рекол Вучевиќ.

По победата над Торонто, Орландо имаат скор од 15 победи и 19 порази.

Scroll to Top