Top Sport

Ништо од Кевин Дурент оваа сезона

Ѕвездата на Бруклин нетс, Кевин Дурент нема да ја доигра сезоната доколку НБА се реши за рестарт, јавува „ЕСПН“, посочувајќи дека клубот сака да му даде време да се опорави од повредата на ахиловата тетива.

Претходно, генералниот менаџер на Бруклин, Шон Маркс изјави дека е возможно Дурент да се појави на теренот доколку сезоната, која е во прекин од 11 март, продолжи во текот на летото.

„Тој го знае своето тело најдобро, и лекарите му дадоа шанса да дојде до овој степен, но крајната одлука ќе биде негова“, изјави Маркс.

31-годишниот Дурент се повреди во петтиот меч од НБА финалето во 2019 како кошаркар на Голден Стејт вориорс, по што потпиша четиригодишен договор со Нетс, вреден 164 милиони евра во јули.

10-кратниот Ол-Стар беше МВП на лигата во 2013/14 како кошаркар на Оклахома Сити тандер, а двапати со Вориорс беше прогласуван за МВП на финалињата.

 

Scroll to Top