Top Sport

Нижни пресилен за Карпош Соколи

Карпош Соколи забележаа убедлив пораз во второто коло од Нижњи Новгород 67:101 ( 17:27, 13:29, 15.30, 22:15) во рамките на Х групата во ФИБА Еврокупот.

Рускиот тим во дуелот со Карпош Соколи влезе како апсолутен фаворит и таа улога ја оправда во целост. Домашниот се држеше во мечот само во почетните четири-пет минути, кога стана видлива разликата во квалитетот.

Нижњи на полувреме го реши натпреварот кога создаде предност од 26 поени (30:56), а на крајот од третиот период предноста на Русите беше плус 41 (45:86).

Николовски со 13 и Мекфејден со 12 поени беа единствените со двоцифрен учинок во редовите на Карпош Соколи.

фото/mkf.mk

Scroll to Top