Top Sport

Њу Орлеанс Пеликанс го потпишаа Окафор

НБА франшизата од Њу Орлеанс, потпиша две годишен договор со центарот Џалил Окафор.

За третиот пик на драфтот во 2015 година, ова ќе биде третиот тим во последната година, откако претходно играше во Бруклин Нетс и Филаделфија ’76.

Со овој трансфер Пеликанс го надоместија заминувањето на Демаркус Казинс во Голден стејт Вориорс, бидејќи пред Окафор, во Њу Орлеанс пристигна и крилниот центар, Џулиус Рендл.

Окафор има само 22 години, беше избран во дебитанскиот тим на сезоната во 2016 година, но во Филалделфија не ја доби потребната минутажа, покрај Џоел Ембид.

Scroll to Top