Top Sport

Нов Американец во Црвена звезда

Американецот Кевин Пантер е нов член на кошаркарскиот клуб Црвена звезда, објави агенцијата „Танјуг“. Пантер во клубот од Белград доаѓа од Олимпијакос.

Пантер игра на позицијата „комбо-бек“, има 26 години, а во претходните две сезони ја освојувал Лигата на шампиони на ФИБА со АЕК од Атина и Виртус од Болоња. Минатата сезона беше прогласен за МВП на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Американецот оваа сезона ја започна во Олимпијакос, но не ги исполни очекувањата, во Евролигата просечно постигнувал 6,8 поени, но на последните четири натпревари не бил во протоколот за настап.

Пантер во Црвена звезда ќе има можност повторно да соработува со тренерот Драган Шакота како и пред две години во АЕК.

Пантер е вториот играч кој неделава ја засили Црвена звезда по крилниот-центар на Приморска Марко Јагодиќ-Куриџа. Белградските медиуми најавуваат дека деновиве договор со црвено-белите ќе потпише и поранешниот репрезентативец на Србија, Владимир Штимац.

Истите извори најавуваат дека клубот ќе ги раскине договорите со Дерик Браун, Мохамед Фаје и Мајкл Оџо.

Scroll to Top