Top Sport

Нов брејк на Њу Орлеанс, Портланд пред елиминација (Видео)

Кошаркарите на Бостон, Торонто и Њу Орлеанс водат со 2-0 против опонентите во првата плејоф рунда, во НБА лигата.

Бостон, за разлика од првиот меч, во вториот забележаа лесна победа над Милвоки Бакс 120:106.

Џејлен Браун со личен плејоф рекорд (30 поени) ги предводеше Селтикс до втората победа во серијата. Браун поддршка доби од Тери Ризиер (23 поени, 8 асистенции) и Маркус Морис (18 поени).

Најефикасен кај Милвоки беше Јанис Адетокумбо со 30 поени, девет скока и осум асистенции, пет пеони помалку постигна Крис Мидлтон.

Торонто го декласира Вашингтон со 130:119. Најдобриот тим на Истокот, во регуларниот дел од сезоната, во првата четвртина на Вашингтон му уфрли 44 поени.

Незапирлив беше Демар Дерозан со 37 поени, Си Џеј Мајлс постигна 18 поени, а Јонас Валанчиунас забележа 19 поени и 14 скока.

Кошаркарите на Њу Орлеанс Пеликанс покажаа дека првата победа на теренот во Портланд не била случајност, откако успеаја да победата и во вториот меч. Пеликанс славеа во Портланд 111:102 и стигнаа до уште еден брејк.

Личен рекорд во плејофот забележа Џру Холидеј (33 поени), а го следеше Ентони Дејвис со 22 поени и 13 скока.

Кај Портланд потфрлија лидерите во тимот Демијан Лилард и Си Џеј Мекалум. Мекалум постигна 22 поени (9/21 од поле), а Лилард уфрли 17 поени (1/7 тројки).

Scroll to Top