Top Sport

Нова сага од епизодата Дивац-Дончиќ

Американскиот радио водител Грент Нејпир ги демантира пишувањата околу причините зошто Владе Дивац не го избрал Лука Дончиќ на драфтот во 2018 година. Деновиве американските медиуми тврдеа дека поради таткото на Дончиќ, Дивац, како втор пик на драфтот го избрал Марвин Бегли, а не се решил за Лука.

Лука Дончиќ оваа сезона доминира во НБА лигата со 30,6 поени, 10,1 скок и 9,8 асистенции по натпревар. Со она што го прикажува во првите два месеци тој се наметнува како сериозен кандидат за МВП наградата.

Информацијата дека Дивац не го избрал Лука поради неговиот татко Саша прв ја објави новинарот на ЕСПН Тим Мекмеон.

„Неодговорно, срамно известување. Сто отсто е неточно“, порачал на Твитер Нејпир кој работи и како коментатор на натпреварите на Сакраменто Кингс.

На прашањето на еден од навивачите што го следат на Твитер како знае дека тоа не е точно, тој образложил.

„Бидејќи денес седев со Дивац и му се јави таткото на Лука. Се смееја на таа будалаштина. Ете откаде знам“, одговорил Нејпир.

Scroll to Top