Ново откажување во селекцијата на САД за Мундијалот во Кина. Се чини како никој да не сака да настапи за својата селекција.
Сега на селекторот Грег Попович му откажа и сјајниот шутер на Њу Орлеанс Пеликанс, Џеј Џеј Редик (35). Неговата причина е бизарна.
„Пресреќен сум што воопшто сметаат на мене во репрезентацијата, но моментно имам поголеми грижи. Работам на селидбата на моето семејство во Њу Орлеанс и немам време“ – изјави Редик со што ја разлути американската јавност.
Светското првенство во Кина започнува на 31 идниот месец, а ќе трае до 15 септември. И покрај бројните откази, Американците и понатаму се фаворит број 1 за освојување на светската титула.