Top Sport

Нови детали несреќата во која загина Коби Брајант

Истрагата за хеликоптерската несреќа во која на 26 јануари загина Коби Брајатн, неговата ќерка Џијана и уште седум други лица, откри нови детали кои му претходеле на падот на хеликоптерот.

Националната комисија за транспорт и безбедност во извештајот наведува дека пилотот Ара Зобајан на контролорите на летот им јавил дека се искачува на 1,2 километри кога хеликоптерот започнал да паѓа.

Извештајот открива сомнеж дека Зобајан „погрешно ја разбрал висината на која се наоѓал хеликоптерот“. Патеката на леталото наведува дека пилотот најверојатно не можел да се ориентира поради густата магла.

Истрагата исто така открила дека ноќ пред кобниот лет, во групна комуникација на социјалните мрежи, Зобајан искажал загриженост од временските услови.

„Туку што проверив утре нема да биде убав ден, но нема да биде лошо како што беше денеска“, напишал Зобајан, но наредниот ден кога се урна хеликоптерот ги отстранил сомнежите.

„Добро утро. Временските услови се океј“.

На 26 јануари, кога се урна хеликоптерот, во Лос Анџелес имало густа магла. Претходната истрага на комисијата заклучила дека моторот не откажал во текот на летот.

Scroll to Top