Top Sport

Нови проблеми за Реал, се повреди и Кампацо

Реал Мадрид е најмалерозниот тим оваа сезона. Тимот мака мачи со повредите на најдобрите играчи, а на листата на повредени во неделата е ставен и Факундо Кампацо.

Аргентинскиот плејмејкер се повреди во текот на натпреварот со Мурсија во домашното првенство. Тој го напушти натпреварот поради повреда на глуждот на левата нога.

Кампацо им се приклучи на играчите кои веќе се повредени: Серхио Љуљ, Руди Фернандес, Ентони Рендолф, Густаво Ајон и Огњен Кузмиќ.

Реал е лидер во домашното првенство со девет победи и еден пораз, додека во Евролигата е на осмата позиција со скор од пет победи и шест порази.

Scroll to Top