Нови проблеми за Црвена Звезда пред почетокот на новата сезона и на само еден ден пред стартот на Евролигата.
Германскиот центар Мајк Цирбес е позитивен на коронавирусот, покажале редовните тестирања. Тој вечерва сепак може да патува со соиграчите за утрешниот меч во Истанбул против тимот на Фенербахче, но само доколку вториот тест (од кој се уште се чекаат резултатите) биде негативен.
Ако Цирбес пак се покаже позитивен на Ковид 19, тогаш Звезда на утрешниот меч ќе биде само со еден класичен центар – Огњен Кузмиќ.
Инаку тренерот на тимот Дејан Радоњиќ за утрешниот меч, поради повреда, нема да може да смета ниту на Арон Вајт.