Top Sport

Новиот претседател побара (уште) трпение од фановите на Њујорк никс

Њујорк никс и официјално го именуваа поранешниот агент Леон Роуз како нов претседател, кој во писмо побара трпение од многубројните навивачи кои се очајни по катастрофалните резултати на инаку највредниот НБА тим.

Роуз , кој ќе ги надгледува кошаркарските операции, објави дека ќе го поддржи преодниот тренер Мајк Милер и неговиот тим.

„Ништо нема да биде лесно, ниту бргу, затоа барам од вас постојано трпение“, пишува во писмото Роуз, кој во својата кариера работеше како агент на Леброн Џејмс, Алан Ајверсон, Џоел Ембид, Крис Пол, Девин Букер, Кармело Ентони и Кајл Кузма.

Никси имаат 18-42 скор оваа сезона, втор најлош во Источната конференција и четврт најлош во лигата. Никс го отпуштија тренерот Дејвид Физдејл во декември по 4-18 стартот. Њујорк веќе седма сезона во низа имаат лузерски скор, а последен пат беа во плејофот во 2012/13.

Scroll to Top