Top Sport

Ново реалово чудо – Усман Гаруба (17) е најмладиот со дабл-дабл учинок

Крилниот центар на Реал Мадрид, 17-годишниот Усман Гаруба стана најмладиот дебитант во историјата на Кралскиот клуб кој остварил дабл-дабл учинок.

Гаруба ја презема титулата од Словенецот Лука Дончиќ. Младиот кошаркар во победата на Реал над Мурсија учествуваше со 13 поени и 10 скока.

Тренерот на мадридската екипа Пабло Ласо одлучи да му даде можност на Нигериецот откако Кралевите по првата четвртина имаа +17.

Scroll to Top