Суперстарот на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, имаше спектакуларно забивање на натпреварот во Портланд. „Жртва“ беше центарот од БиХ, Јусуф Нуркиќ.
Леброн во Орегон забележа 35 поени, 14 скока, 6 асистенции, но сам не можеше да го спречи поразот 113:105.
На почетокот на мечот Леброн на постер го стави Нуркиќ, потег што на нозе ја крена американската јавност.
„Мислам дека во соблекувалната се уште е вреќата со телото на Нуркиќ…Тоа беше жестоко, беше болно. Беше лудо, едно од најдобрите забивања во историјата“, рекол по мечот соиграчот на Леброн, Џордан Кларксон.