Top Sport

Обрадовиќ: НБА е мафија, европските тренери можат да работат таму

Најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ во интервју за специјализираниот кошаркарски портал „Спортандо“, меѓу другото проговорил за причините поради кои европските тренери не можат да успеат во НБА лигата. Тој самиот иако имал можност никогаш не се решил да замине преку Атлантикот.

„Нема европски тренери во НБА, знате ли зошто? Бидејќи НБА е мафија. Не им даваат на тренерите да работат и никој ништо не говори на таа тема. Јас смеам ова да го кажам бидејќи не сум заинтересиран да работам тасму. Имам пријатели во НБА, заедно работиме во летниот период, доаѓаат оведе да ги гледаат нашите тренинзи, постојано сме во контакт меѓутоа…“, рекол Обрадовиќ и дополнил.

„Респект за НБА која е најдобрата лига во светот, но морам да кажам дека има многу европски тренери кои можат да работат таму. Мене лично не ме интересира да работам во НБА“.

Човекот што има девет титули со пет различни екипи во Евролигата смета дека европската кошарка константно напредува. Сепак според него Евролигата иако има квалитет поради парите што се врат преку океанот никогаш нема да може да ја достигне НБА лигата.

Scroll to Top