Top Sport

Обрадовиќ поднел тужба против КК Црвена звезда

Поранешниот тренер на кошаркарите на Црвена звезда, Саша обрадовиќ, поднел тужба против клубот. Обрадовиќ, од клубот, бара да му го исплати во целост договорот, кој пред време е прекинат, а барал и бонус за освоениот трофеј во Купот на Србија, иако не го водел тимот. Тужбата е поднесена пред Комората за решавање на спорови, која работи во рамките на Евролигата.

Обрадовиќ, минатото лето, од својот џеб, на Монаку му го плати обесштетувањето за да може да стане тренер на клубот во кој како играч доживеа целосна афирмација. Обрадовиќ, минатото лето, потпиша договор до 2023 година.

Сепак лошите резултати, особено во Евролигата, беа пресудни тој да добие отказ во декември минатата година.

Кога Обрадовиќ доби отказ, кошаркарите на Црвена звезда беа први во АБА лигата со скор 9-1, а во Евролигата се наоѓаа на претпоследната позиција со скор 5-10.

Scroll to Top