Top Sport

Обрадовиќ се врати во Монако

Она што го најавија француските медиуми, дека Саша Обрадовиќ ќе биде новиот тренер на Монако, доби потврда. Србинот на клупата го наследи Звездан Митровиќ, кој спогодбено се раздели со клубот, поради несогласувањата со првата ѕвезда Мајк Џејмс и само петте забележани победи во 14.одиграни натпревари во Евролигата.

Обрадовиќ го започнува својот втор мандата на клупата на Монако, претходно го предводеше клубот во 2019/2020. Обрадовиќ потоа се пресели во Црвена зведа каде доби отказ во декември 2020 година.

По отказот речиси цела година беше без работа.

Обрадовиќ утре ќе дебитира на клупата на Монако, во Каунас. Францускиот тим во 15.коло, во Евролигата, ќе гостува кај Жалгирис.

Scroll to Top