Генералниот менаџер на Фенербахче, Маурисио Герардини открива како се случило Александар Ѓорѓевиќ да биде новиот тренер на амбициозниот турски кошаркарски колектив.
На крајот на минатиот месец српскиот стратег потпиша тригодишен договор со „жолто-црните“ откако претходно ја заврши авантурата во Виртус Болоња.
„Имавме многу тежок период, но и покрај тоа имавме неколку опции. Најаважното за нас е што Александар има знаење, образование, тренерска кариера, личност и стил на тренирање. Се разгледавме. Го знам Ѓорѓевиќ веќе 30 години, отсекогаш беше некој на кој му се воодушевував, но немав можност да соработувам со него. Тој е идеалниот за нашата екипа. Работел со некои од нашите кошаркари, што секако е предност“ изјави Герардини за „Eurohoops”.