Top Sport

Одложен е Евробаскетот 2021, но и квалификациите за ОИ

Кошаркарските квалификации за Олимписките игри во Токио се одложени за идната година, исто како и самата Олимпијада. Тие ќе се одржат во периодот од 22 јуни до 4 јули 2021 година, а точниот датум дополнително ќе се одреди.

ФИБА одлучи за ги одложи и Евробаскетот и Купот на Америка. Тие ќе се одржат, според планираното, во септември 2022 година.

Земји домаќини на квалификациите за ОИ се Канада, Хрватска, Литванија и Србија.

Со жрепка е одредено во Србија да се игра групата А во која се домаќинот, Доминиканска Република и Нов Зеланд, а во групата Б се најдоа Италија, Порторико и Сенегал.

Само најдобрите во групите ќе се пласираат во Токио.

Scroll to Top