Top Sport

Одложувањето на ОИ го одложи и пензионирањето на Грег Поповиќ

Грег Поповиќ ќе биде селектор на американските кошаркари на Олимписките игри во Токио кои се одложени за 2021 година. Прославениот тренер има договор со Федерацијата до крајот на оваа година.

Поповиќ е селектор на САД од 2017 година. Минатата година на Светското првенство, без најголемите ѕвезди во тимот Поповиќ со САД го освои седмото место.

Планот му бил кариерата да ја заврши на Олимписките игри во Токио ова лето, со златен медал. Одложувањето на Игрите нема да ги помести плановите на тренерот на Сан Антонио Спарс.

„Обврскитешто ги презедовме за 2020 година и понатаму се тука, сите сме посветени. Најважно е да го победиме вирусот. Ова ќе помине, ќе се вратиме за доброто на сите“, рекол директорот на американската репрезентација Џери Коланџело.

САД како актуелни олимписки шампиони изборија директен пласман на Игрите во Токио.

Scroll to Top