Поранешниот НБА играч, Ламар Одом, во разговор за една американска телевизија, открил дека во 2015 година „животот му висел на конец“.
Одом, во октомври 2015 година бил пронајден како без свест лежи во бордел во Невада. Тој имал проблем поради прекумерното консумирање на дрога, алкохол и лекови за потенција.
„Моите доктори велат дека сум чудо што оди…Додека бев во кома, су претрпел 12 мозочни и шест срцеви удари. Навистина ми е драго што сум жив“, рекол 38-годишниот Одом.
Три години подоцна Одом најави дека ќе се врати на кошаркарските терени. Кариерата ќе ја обнови во Кина, но се уште не го објавил името на клубот за кој ќе настапува.