Top Sport

Огромен дрес поставен во Шибеник во чест на роденденот на Драен Петровиќ

Огромен дрес на славниот кошаркар Дражен Петровиќ, во чест на 55. роденден на еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, е поставен на зградата на градското собрание во Шибеник.

Петровиќ, кој поради своите мајстории го добил прекарот кошаркарски Моцарт, е роден на 22 октомври 1964 година, а по тој повод најпопуларниот дрес со број 4 од времето додека играл за Шибенка, го украси неговиот роден град.

Петровиќ ја започна својата кариера во Шибеник, продолжи во Цибона, тим со кој двапати беше европски шампион, а потоа во Реал Мадрид.

Тој подоцна кариерата ја продолжи во НБА-клубовите Портланд и Њу Џерси и беше еден од Европејците што ја урна бариерата на најсилната кошаркарска лига.

Со југословенската репрезентација освои бронзен и сребрен медал на Олимписките игри во 1984 и 1988 година, а со Хрватска сребрен медал во 1992 година.

Тој беше прогласен за најдобар спортист на Југославија во 1985 година.

Почина во сообраќајна несреќа во Германија на 7 јуни 1993 година.

Scroll to Top