Расел Вестбрук, првата ѕвезда на Оклахома сити Тандер, ќе го пропушти натпреварот против Голден стејт Вориорс на отворањето на новата НБА сезона. Дополнителен проблем за Тандер ќе биде отсутвото на Андре Робертсон, додека под знак прашалник е и настапот на центарот Стивен Адамс.
Отсуството на Вестбрук и Робертосн е проблем и за НБА лигата, бидејќи овој дуел е сместен во ударниот телевизиски термин.
Инаку од Оклахома се уште нема официјална потврда дека Вестбрук нема да игра, иако него во клубот во моментов го водат како повреден играч.
Вестбрук на 12.септември го оперираше десното колено и тогаш лекарите прогнозираа дека тој ќе биде подготвен за почетокот на сезоната.
Сепак, клубот веројатно нема да го форсира неподготвен да ја започне сезоната и да ризикува нова повреда.
Во кариерата, Вестбрук, четири пати го оперирал десното колено.