Долгогодишниот тренер на Оклахома сити Тандер нема да го продолжи договорот со оваа франшиза, објави новинарот Адријан Вијнаровски. Тој тврди дека Донован е најсериозниот кандидат за испразнетото место во Чикаго Булс.
Оклахома во првата рунда во плејофот испадна од Хјустон по исцрпувачки седум натпревари.
Донован го предводеше овој тим од 2015 година, претходно работел како асистент на универзитетот Кентаки и како прв тренер на универзитетите Маршал и Флорида.
Оваа сезона беше во конкуренција за наградата тренер на годината, која на крајот му припадна на Ник Нурс од Торонто Репторс.
Донован е осмиот тренер кој остана без работа по завршувањето на сезоната. Претходно откази добија Нејт Мекмилан (Индијана), Кени Еткинсон (Бруклин), Брет Браун (Филаделфија), Алвин Џентри (Њу Орлеанс), Џим Бојлен (Чикаго), Мајкл Милер (Њујорк) и Џон Билајн (Кливленд).