Top Sport

Олимпијакос го доби атинското дерби

Кошаркарите на Олимпијакос како гости го совладаа Панатинаикос во градското дерби што се одигра во 24.коло, во Евролигата. Натпреварот во регуларниот дел заврши 71:71, а по дополнителните пет минути Олимпијакос победи 87:85.

Олимпијакос дури во четвртиот сезонски дуел ја забележа првата победа над Панатинаикос.

Олимпијакос го диктираше ритамон на натпреварот цели 35 минути, кога со неколку пропусти во одбраната му дозволи на Панатинаикос да ја надополни двоцифрената негатива и да се избори за продолжение.

Во продолжението блескаше Брајан Роберт кој во последните две минути со седум поени го однесе Олимпијакос до победата.

Робертс мечот го заврши со 18 поени, тој ги погоди сите пет обид од поле (1/1 за два, 4/4 за три), а по 15 поени постигнаа Спанулис и Принтезис. На спротивната страна најдобар беше Ник Калатес кој забележа „дабл-дабл“ од 23 поени и 10 асистенции, но реализира само три од деветте слободни фрлања, два поени помалку уфрли Гист.

Олимпијакос со 17 победи и седум порази е на втората позиција, додека Панатинаикос со 14 победи и 10 порази се наоѓа на делба на шесттата позиција.

Scroll to Top