Милош Теодосиќ не е сигурен каде ќе игра следната сезона по заминувањето од НБА-лигата, но веќе доби понуда од 2.5 милиони евра од грчкиот гигант Олимпијакос.
Теодосиќ е поранешен кошаркар на Олимпијакос, каде што настапуваше од 2007 до 2011 година, а во 2010 ја доби МВП наградата на Евролигата. Србинот потоа играше за ЦСКА Москва, со која во 2016 ја освои титулата, пред да заигра за Лос Анџелес клиперс пред да биде ослободен од договорот во февруари.
Виртус Болоња, Анадолу Ефес и Макаби Тел Авив веќе покажаа интерес за 32-годишниот ветеран. Се верува дека тој ќе почека до крајот на Светското првенство во Кина во септември, пред да донесе одлука.
Olympiacos offers two-year, $2.5M deal to Milos Teodosic (via @nikosvarlas) | Eurohoops https://t.co/jQnzmqrK4G
— Eurohoops.net (@Eurohoopsnet) July 1, 2019