Top Sport

Олимпијакос нема да биде дел од АБА лигата!

Управата на АБА лигата минатиот месец на собранието не донесе никаква одлука за пристапување на грчки Олимпијакос во регионалното натпреварување, па клубот од Пиреја ќе се откаже од намерата да се натпреварува со екипите од Јадранот.

Според последните вести кои стигнуваат од Атина, шансите атинските „црвено-бели“ да станат дел од АБА се минимални.

Еврохопс пренесува информација дека непремостлива пречка за Олимпијакос се Олимписките игри кои следното лето ќе се одржат во Токио. Доколку се случи проширување на АБА лигата на 14 клубови, ќе се помести почетокот на домашните првенства, што во следната сезона не е можно. ФИБА бара од националните сојузи домашните првенства да завршат со натпревари заклучно со 12 јуни 2020 година, поради предолимпискиот турнир и подготовките на репрезентацијата за ОИ.

Челниците на Олимпијакос го контактирале раководството на Кошаркарската лига на Србија и добиле одговор дека не постојат термини во календарот кои би биле слободни во случај АБА да се проширува.

По таквиот одговор, од Олимпијакос се откажале од преминувањето во АБА.

Scroll to Top