Кошаркарите на МЗТ победнички влегоа во новата сезона во АБА2-лигата, преку која ќе се обидат да се вратата во најсилното кошаркарско друштво во регионот. Мечот мина во знакот на Нуни Омот кој е прогласен за МВП на првото коло.
МЗТ, во првото коло, убедливо ги поразија кошаркарите на Слобода од Тузла 110-88. Кошаркарот од Кенија промаши само еднаш од игра реализира седум од осумте одиди за два поени, а погоди шест тројки од исто толку обиди. Омот натпреварот го заврши со 33 поени, три скока и асистенции и една украдена топка.
Играчот висок 206 сантиметри имаше валоризација 37.
Photo: MZT Skopje Aerodrom/Petr Stojanovski