Top Sport

Ова е логото за Евробаскетот во 2021 година (Видео)

Светската кошаркарска федерација – ФИБА го претстави логото за Европското првенство кое во 2021 година ќе се одржи во Чешка, Грузија, Германија и Италија.

Како што се наведува во соопштението инспирацијата за логото била најдена во драмата, возбудувањето и неизвесноста што ги поврзува навивачите ширун Европа.

Дигиталните елементи ја симболизирале енергијата околу Европското првенство. Тие се спојуваат и го формираат обликот на трофејот „Никола Семашко“.

Логото, како што соопштија од ФИБА, го избрале ко-домаќините на првенството.

Европското првенство ќе се одржи од 2 до 19 септември 2021 година.

Scroll to Top